ден (имн.) - игра (гл.)

Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Омајнина Има само еден момент кога сум-цел; кога ноќта и денот играат улична претстава- кога здрвен ко истепано куче легнувам на душекот од нашата соба здробен не сум- за момент; тогаш ме заобиколуваат најгорки дробни Виулици од чеканите на дрскиот кловн-свет; главата ми е дупка од светлина благо затемнета снегулка на дното од Охридското езеро- полумртва; има само еден дел од раздемнетата живеачка кога сум- цел;
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Исти бродвејски наслови во исти денови играат по различни градови на Америка, а сепак секоја постава и изведба им е совршено иста (како што е впрочем ист вкусот на "кентаки чикен" во Чикаго, Сиетл, Нешвил и Атланта).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)