ден (имн.) - што (зам.)

Ова е денот што долго го чекав. Дојде Големиот ден. Вистинскиот ден, оној во кој на виделина ќе изнесам сѐ што знам и умеам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сѐ додека сите денови што надоаѓаа не го смијат со себе и тој млоав, пајаџинест допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие денови што одевме в поле, ни се примирија црнките во очите, ни се поправи видот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дека го опоменуваа и неговите роднини и шамашот на нивниот каал, кој секој петок пред шабат и особено на Големите празници ги буди луѓето потсетувајќи ги на нивните духовни обврски за денот што е пред нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)