ден (имн.) - потоа (прил.)

Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас го имав тоа искуство да напишам нешто за што мислев дека е најдобро; и препрочитувајќи го неколку дена потоа, ре­ков:”Господе; скини го ова на најмали можни парчиња и фрли го во нечија канта.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Селаните горе-долу спокојно ја преспаа ноќта со надеж дека до изутрина Иле ќе се појави, но помина и утредента и поминаа уште многу ноќи и денови потоа, но ни трага од Илета се најде ниту, пак, глас од него се чу.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Три дена потоа, низ царството се рашири болест: Господ Бог пушти страшни пликови врз народот, и глувци се појавија, и земјата се тресеше три дни и три ноќи без прекин.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
“ Ќе имав ли некаква корист да знаев на времето – како што разбрав дури по некоја година – дека, како што самиот кажал, „хистерично залипал“ штом, поради моето добро дело, ги слушнал првите акорди од песната кон која, само ден потоа, ми покажа онолку длабок презир?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лежеше во детското одделение на Општата болница, а Матилда и јас тие неколку дена се менувавме во дежурање во неговата болничка соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена потоа се породи Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На неделниот ручек кај нив долго раскажуваа за своето патување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена потоа бледото февруарско сонце почна да го топи снегот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останав дома и следниот ден, и деновите потоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ до она утро кога повеќе не можеше да стане од креветот, а докторите неколку дена потоа му дијагностицираа милијарна туберкулоза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш, кога брат ми се враќаше од гимназијата, јас одев во неговата соба, тој земаше некој од учебниците и минуваше по нивните страници, раскажувајќи ми го она што мислеше дека треба да го знам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми и Мина се вратија од Венеција неколку дена потоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Идниот ден не го најдов дома. Го немаше ниту деновите потоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа некој од неговите соседи ми кажа дека Рајнер си заминал. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Телата им биле разнесени, се измешале трупови, откинати раце, нозе и глави, и наместо во гроб, ги оставиле таму, во ровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вториот ден од патувањето му се откинало парче краста од незараснатата рана и едвај успеале да ја запрат крвта која му ја полнела устата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена потоа, и покрај предупредувањата на докторите, замина со Ана на патување во Рим.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една вечер неколку дена потоа, Зигмунд ми јави дека Херман, синот на сестра ни Роза, загинал со стотина други војници, кога во нивниот ров биле фрлени и експлодирале неколку гранати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека се пораѓаше седев на клупата пред бараката, а откако го искапија малечкото, ме пуштија внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Излегов на балконот, и видов како во вода се претвора снегот на столот на кој некогаш седеше мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во меѓувреме, растението донесе светлопупурен цвет во форма на инка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку дена потоа врагот ја заврши работата и го посеа семето од увото во браздата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние бевме навистина посебни. Ептен посебни. Искрено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ден потоа не можев да прозборам; два дена потоа се расплакав само поради тоа што сонцето замина зад еден облак; една недела потоа добив менструални болки, напнатост, осип и сѐ тоа три недели порано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Цел ден потоа само тоа го мрмори. - До-до-до-бро-у-у-ут-ро!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Немав теоретски можности да стигнам на закопот на мојот сакан брат, за кој велеше дека има душа-добрина, симфонија. Стигнав ден потоа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со вода и со мириси успеале малку да го повратат, но два дена потоа умрел, според Скилица, од срцев напад.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Неколку дена потоа, повторно се обиде: - Хелвиг, Хели, кажи ми било што... Кажи ми... Се плашам... - го молеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Многу денови потоа и покрај солзите што тетка Боса Спиркоска ќе ги пролееше кога ќе си ја спомнеше грдата вест што ѝ ја донесе Смокот таа сепак беше сигурна дека нејзиниот син Благоја е жив!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Модрици по телото, очај во душата, чиста рапсодија и ужасна мелодија во умот за нагрдената убавина и помодрената слика на платното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ден потоа ќе ме боли секој поглед рамнодушен, секој збор обичен, секоја ладна прегратка, погрешно и лажно искажана љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кажете ми дали знаете за него или за неговата книга?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред извесно време ми падна в раце еден кус напис за Фајар во кој се зборуваше за финансиските тешкотии низ кои минува овој издавач, а неколку дена потоа прочитав и неколку реда кои можеби ја објаснуваат ситуацијата: Странските култури навлегувале во Франција во одделни налети во зависност од нередовните и непостојани интереси.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој ме погледна и строго и жаловито и, ставајќи го прстот на усните, ми просаска: - Сус, чендо... - и толку, повеќе ништо не ми рече и мене за тој ден и повеќе денови потоа ми беше доста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)