десетица (имн.) - година (имн.)

Од тука до Трстеник – Трестеник нема ниту петнаесетина километри, но разликата може да се измери со десетици години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кон почетокот на 1940 година се однесуваат две литературни замисли на Набоков, кои не добиле во текот на неколку десетици години реализација во печатот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Монмартр“ има своја историја. Овде е сѐ конзервирано, онака како што било пред десетици и десетици години, па и со векови, тука се тесните улици и сокаци, лампионите, малите плоштади.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)