десница (имн.) - во (предл.)

Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И се разбира дека ослободувањето на геј-луѓето од општественото угнетување, како и растурањето на некогаш универзалниот консензус за темелната патологија на хомосексуалноста, кои служеа да го оправдаат тоа угнетување, претставуваат апсолутно значајни многу обемни и неверојатно брзи промени, за чие значење не може да се претера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа за многумина навистина го претставува токму тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, геј-движењето (како што тврди Дејвид Алдерсон) можеби е единственото прогресивно општествено движење од 1960-тите кое надмогнало, кое си го консолидирало успехот и кое остварило некои од своите најнеизгледни цели (како што е геј-бракот) – и покрај подемот и, најпосле, победата на Новата десница во изминативе триесет и пет години.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената прифатеност, декриминализацијата на геј-сексот, легализацијата на хомосексуалните општествени и сексуални институции, тргањето на пречките за истополовиот брак, за воената служба, за свештенството и психоанализата, заедно со други дотогаш забранети професии, не треба да се побрка со крајот на сексуалната нормативност, а камоли со падот на хетеросексуалната доминантност. ‌Сигурно, има такви што сметаат дека општествена рамноправност премолчено имплицира афирмација на суштинската нормалност на лезбигеј-луѓето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)