дете (имн.) - бев (гл.)

Се сеќавам, јас како дете бев многу фрустриран.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во многу случаи иницијалните причини се фрустрации или неспособноста да се комуницира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние децата бевме одамна будни, неспани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но радоста на децата беше посилна од сѐ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Помалите деца беа заспани помеѓу легнатите кози, топлени од нивните тела.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми и ние децата бевме вознемирени и поради изгубениот татков спокој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За мене децата беа едно, но љубовта кон него друго.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше ноќе и ние децата бевме веќе легнати, ама јас не спиев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека дотрчаа до колибата децата беа морки до кожа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добро дете беше Орде и многу решително за своите години.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Новото дете беше интересно, добро, кротко и весело.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Децата беа одлични берачи. Лесно се искачуваа и на највисоките и најтенки гранки.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога челичните чудовишта, - тенковите, тргнаа в бој, тенкистите останаа зачудени: илјадници деца беа испречени на нивниот пат и фрлаа врз нив маслинови гранчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Новото дете беше вистинско другарче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Магијата наречена Америка, Христов ја авторизирал во неколку негови романи и експлицитно во написот насловен како ”Личен портрет”: Кога како дете бев во Македонија, во моето заостанато планинско село (Кономлади) владееше голем занес за Америка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
4. На тие што ме најдоа заспан на работ на една џунгла, за да знаат како дојдов тука, им нацртав камила, а на нејзиниот грб едно црно и едно бело дете. Белото дете бев јас.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Можеби им личев на добродушно џуџе, или на водено дете излезено од некое море, или пак на ловецот што го убил волкот и ја спасил Црвенкапа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Во деновите кога и татковците беа во селото, вкупно возрасни и деца бевме осумнаесет души.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можеби и единствена обврска што ја имавме ние децата беше да полниме вода од чешмата и да ја носиме во куќата за домашни потреби.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Возрасните никаде не брзаа, имаа доволно време за севбе, за своите деца, а ние пак децата бевме среќни и полни со живот .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Отла забележа дека, иако се обидував да слушнам што им кажуваат жените на децата, зборовите минуваа покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во просторијата во која влеговме десетици деца беа поделени во неколку групи, со секоја група имаше по една жена која им објаснуваше нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А детето беше толку радосно кога наставничката Рада ја пофали песната што му ја беше посветил Нему: Во градот пристигна пролет ластовички се вратија в лет насекаде никана цвет до цвет а Тој осамен стои, нашиот Поет.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Како дете бев вљубен во киното. Киното та душа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Завистина, на годината беше родила едно машко дете со ѕвезда на чело, арно туку кучки сестри, зависливи, беше му го зеле детето и беше му го врлиле по море и наместо дете беа 'и клале едно машко куче малечко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вечерта секое дете беше си казало по дома оти Најденко од гемиџијата имало ѕвезда на чело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го донесол гемиџијата Најден пред татка си и беше му се поклонило како на цар што треба; бидејќи гологлао било, ѕвездата беше болснала во очите на царскио син, ина сами стар цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Бре, да куче роди, а! Ја земете 'а таја кучка и врлете 'а во темни зандани! - им рекол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Децата беа невидени на играње, Е, сега, да е господ со нас: тргнавме преку Крстон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По секоја претстава ѕвонеше дома и безнадежно чекаше Марија да се јави.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На првата забава, на која децата беа маскирани во кенгури, мораше да го прескокне главниот трик со невидливите риби, зашто не можеше да го изведе без нејзина помош.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќето од децата беа боси, лошо облечени, кое како што пристигнало.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се колнам, сите деца беа со стрикото Лентеноски, од сè најмногу сакавме да се врати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Многу гладни деца беа спасени од тоа млеко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работата со регрутирањето одеше како подмачкана, едноставно сиромашните деца беа мнозинство во земјата и немаа некој поголем избор освен да пристапат во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Друга бомба падна на едно напуштено парче земјиште што беше употребувано како детско игралиште и неколку десетици деца беа разнесени на парчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двете деца беа облечени во сини панталончиња, сиви кошулчиња и со црвени марами околу вратовите, што беше униформа на Шпионите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога децата беа мали, бевме заедно на неколку денови во Париз, да го видат Дизниленд.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Многу ја сакав оваа река, од дете бев вљубена во нејзините зелени бои и бистрината.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Додека децата беа мали одевме заедно целото семејство.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Детето беше сосем мало. Имаше неколку месеци ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мусо-ага, водачот, како мало дете беше ги шетал со мајка си сите овие села по работа – со решета и сита – та убаво беше ги запомнил, и патиштата, и обичаите по селата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Една ноќ, Татко, виде-невиде, кога ние децата бевме во длабок сон, ја повика Мајка на разговор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзините деца беа над неа и над сите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„...Едо лудуваше што лудуваше така, по старите не го сакаа и се имаа на умот на него, арно ама, на крајот на краиштата, дете беше, не беше да му замериш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Јана! Како имам зеано во неа, но дете бев, не знаев дека сум во неа заљубен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тамам детето, а убаво, добро дете беше, тамам детето да се замомчи, кога – болеста го однесе и татка му.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ние децата бевме веќе легнати.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тетка Фора меѓувремено го стави меѓу нив софричето, истото она што им го ставаше уште кога како деца беа почнале да доаѓаат па почна да го кити.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа дете беше мацковчанчето Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Борбата продолжуваше... Неколку жени и деца беа искачени на малата височинка. Оттаму се гледаше друмот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Децата беа тивки. Дури премногу тивки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дали и ние како деца бевме толку ужасни?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Хе-хе-хе-хе . . . – ситно, ситно се засмеа дедо Геро да ти е милина да го слушаш. А децата беа сериозни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но детето беше неучтиво и избега.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Меѓутоа, желбата да слyшне добра новина за своите деца беше посилна од црвецот на сомнежот што загриза во неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали ние децата бевме загрижени за татета не знам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Неговите зборови јас многу-многу не ги кладов на умот зашто цело време гледав што ќе прави Киле. Фодуло дете беше тоа Киле.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Впрочем сите ние децата бевме повеќето овчарчиња и козарчиња.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
ВТОРАТА ЖЕНА: Не мислиш ли дека ние децата бевме тие цветови кои ни криви ни должни беа одгледувани во твојата темна соба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се плашев од татко ми, дури кога ќе ме погледнеше нешто ќе ми паднеше од раце, толку многу беше строг, а ние децата бевме од различни мајки, сите бевме на свој начин различни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Лазо, го зедов да го надојам, тоа беше ноќе и јас легната, кога се разбудив, детето беше мртво.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веќе ништо не ми беше мило и барав да си заминам што побргу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Исто така, уште од дете бев екстремно сензитивна и понекогаш се чувствувам како од буквар да ги читам туѓите емоции, а според тоа и нивните дела.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога челичните чудовишта, - тенковите, тргнаа в бој, тенкистите останаа зачудени: илјадници деца беа испречени на нивниот пат и фрлаа врз нив маслинови гранчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Новото дете беше вистинско другарче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Децата беа одлични берачи. Лесно се искачуваа и на највисоките и најтенки гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Новото дете беше интересно, добро, кротко и весело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)