дете (имн.) - сум (гл.)

А ако некогаш се случи да се сретнеме и да се видиме живи, пресреќен ќе бидам ако некој од овие - што како свои деца сум ги сакал - не ја свртат главата на друга страна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Црквата Света Богородица велат е обновена, но не таа што како дете сум ја запаметил.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднаш, тоа беше одамна. Дете сум бил.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја однесоа во Злетово на крштевка: Во црква Пресвета Богородица па свештеникот Богољуб на девојчето ѝ го даде името Радојка од кумот Ѓорѓи.. Тоа дете сум ЈАС!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Леме, збогум, со здравје оди си, ама немој вака-така да си говорел некаде, оти лебот ќе те фати, Леме, зашто како мое дете сум те имала, тоа да го знаеш!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Па јас и за моите деца сум згрешавала, а не за добитокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)