дете (имн.) - фати (гл.)

Ми се стори како дете фатено во грев. Ми се нажали.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја наведнав главата. Бев дете фатено со списание разголени фотографии, но на тие фотографии, беше моето сопствено тело, ишарано од пламењата и лепливо од јазиците на непознати дебели полицајци.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Децата фатија едно магаре, кое пасеше на полјанката. Тасе прв му се качи и го потера.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)