дете (имн.) - јаде (гл.)

Децата јадеа малку и од киселиците, а потоа заскитаа наоколу, гонејќи се и играјќи се со Белуш, кој ненадејно се појави некаде од папратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои од децата јадеа грисини купени во некој од дуќаните на Маказар и празните ќесички ги фрлаа наоколу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како народ кажа - деца јадат диво јаболко, стари боли стомак.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Децата јадеа гумени бонбони со 8 миљарди емулгатори, како и амерички чипсови кои имаа поише холестерол отколку компир у чипсот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Де сега за пет декики да собериш селаните сите овде пред конакот, да побараме тие деца и да пратиме на кајмакамот, да правит малку тербиет тој, кога не можите вие старите да повелате вашите деци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сега, како велито вие: децата јадат сливите — на старите трпнеат забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)