дете (имн.) - кое (зам.)

Станува збор за едно четиригодишно дете кое побарало засолниште, можеби за да ја избегне санкцијата на родителите, во еден кокошарник.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Романот е фасцинантна вивисекција на балканскиот дух, предадена низ една интимна фокализација (на дете кое е сведок на интелектуалните разговори на двајцата балкански Дон Кихоти), со чести и луцидни коментари на човек упатен во сите научни области сврзани со балканологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместа се чини дека овој роман не е дело на човек, туку на цела една библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно големо и разлигавено мрсулаво, плачливо дете кое плаче по играчката на сиот глас, а кога ќе ја добие таа толку убава играчка гневно ја фрла на земја и бесно ја гази сѐ додека не ја искрши до последното препознатливо парче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не беше тоа ниту хипноза, беше некаков вид визија за која не постојат докази, освен чувството кое останува после голема воодушевеност, како на дете кое за прв пат ја здогледува Ајфеловата кула, или водопадите на Нијагара.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ема се тргна од мене и почна да се смее со слаткост во кикотењето што се упатува на дете кое не знае да ја игра играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не знам дали тоа ќе се случи денес или многу подоцна, тоа го знае само Севишниот, но кога и да се случи, мило мое, прочитај го ова што ти го оставам како единствено наследство што можеш да го имаш од мене и пристапи ми на судниот ден како дете кое за прв пат се соочува со животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се врати наназад, се потпре на испружените раце, со широко отворените бутови силно притисната на мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да, истото она дете кое со Свирчета, со другарчето, дамна во детството, со една книжна двадинарка, со денови, потоа со недели и месеци, се качуваа горе кај онаа стара кооперација, државната селска продавница, за да купат една бишкота, она што денес го викаме, наполитанка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На креветот во дневната соба пред да падне во постела седеше врз гума за пливање како мало дете кое уште не проодело за да не се преврти на едната или на другата страна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не знае поради што, ама никако да го прифати како нормално дете кое оваа есен за прв пат треба да појде на училиште, особено не може да прифати почесто да се гледааат со Пеличка, нејзиното срце слути само лошо, чувство што не сака да го сподели со Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јасер Арафат имаше среќен израз на дете кое најпосле ја добило најсаканата играчка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трошка надеж за уморното човештво од израелско- палестинскиот спор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За што ли ќе мисли дете кое околу себе катаден гледа наоружани, слуша истрели, повици, пароли, борбени песни?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)