дете (имн.) - му (зам.)

Го знајте, зет му на дедот Ѓура. Токо, јас се плаша дали ќе кандиса, сирома, оти децата му се ошче малечки, та може човекот ќе бара некоа сиромашка, да се прежени, а канонот црквени не дава преженет човек да застане на алтарот и да служи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зимата се погоди долга и сурова. Тутунот слабо се плати. Детето му се поболи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На детето му се јавува сликата на накиснатиот, сенишен пес, гонет од луѓе, автомобили и други пци, што се провлекува во најскриените агли на ноќта.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
” Другпат постарото дете му рече: ”Нè претепа идиотот за да му кажеме дали мајка ни пак се состанува со тебе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Помалото дете му рече: ”Да си постојано со нас, ти би не бранел...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И јас ќе каснам некој залак, - се сврте тој да ѝ рече на баба ми која на детето му принесе леб и сув грав со нагезмо и продолжи да му ја раскажува на дедо ми: - Ама владиката грчки дозна за таа работа и се налути.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сфатила дека тоа дете му припаѓа нему - на неговиот татко и нејзе - на неговата мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога за првпат едно дете му викна „копиле“, откако го победи во играње џамлии, тој не го разбра зборот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лесно се стрча по втората тура, а моите деца му се сипаа на бебето и го заиграа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Детето му ја преграбува ногата, а со другата рака сѐ уште здраво ја гушка кадифената кукла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еднаш, како дете, вели тој, кога бев во болница, во детско, на едно друго дете му дојде мајка му во посета.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
— Добро, ако сте му тетка, велат, ама на детето му нема спас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
дали тогаш се сети дека жената и детето му останаа во Албанија, не знам што се скрши толку за да стои само заделен, ко забошотен човек, го гледаме ние Радевски, а Апостол Макаровски ни покажува две кабини со врати на заклучување, одете вие во кабините, ни вели и едната ни ја дава мене и на Горачинов, а другата на Оливера Поточка и Манол Форевски, вие сте сепак брачни другари, вели,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— На детево му е дупната главава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одлуката за името на детето му ја препушти на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На детето му треба вистинската мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На детето му дозволувала само по една играчка за роденден и за Божик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Миха го знаеше сето тоа, дали го насетуваше или го наслушуваше не е важно, но во секој случај го чувствуваше како приопашка, која итрите деца му ја прикачуваат на маалскиот будалетинка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Детето му пречи, тој нема сила да се врати и да го набрка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се прашував: што родител е тоа кога на своето дете му купува средство за убивање!?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Меѓутоа, кога виде дека децата му се скрија во орманот не свртувајќи се, одеднаш стана и тргна по нив со очите полни со солзи од лутина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Да чујам, -рече. Децата му раскажаа сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)