дете (имн.) - ни (зам.)

— Го познавам детето, вели жената, ние, на секое ваше барање, го носевме во Букурешт, но секогаш доаѓаше претставник на грчката партија и детето ни го одземаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Далеку е, мајко, знаеме. Но знаеме, а и ти знаеш - децата ни гладуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Секогаш пред Божик остануваме без брашно. Секогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И гладни сме од Богојавление до вршило. Децата ни се збрчкуваат предвреме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Лесново... Тоа село е на крај свет. И малку потаму. Предалеку и за штрковите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А забрадената жена продолжи: - Удри со ногата на врата, се исправи некако чудно, ме погледна, замолча долго, а потоа на нашински рече: „Мајче, крај гробиштата има многу убиени“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Капиданот или кој беше не знам, ми пријде и ме праша: - „Од ова село си ти?“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште троа деца ни останаа живи... Господе, господе!...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Скришум погледнува кон жените меѓу кои седи и Ристана. По мажот сите ја викаат Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тропнавме на вратата. Децата ни рекоа да не чекаме, туку да влеземе. Вратата беше отворена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во малиот ходник во кој мирисаше на мувла една врата беше подотворена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)