дете (имн.) - нѐ (зам.)

Таму Полјаците нас децата нѐ сместија во детските домови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така, ти велам јас, нас, четиристотините и нешто деца нѐ одведоа пеш во Долно Дупени и од таму во Љубојно каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Ја бараме куќата во која веечерта на 26 март 1948 нас, смрзнатите и исплашени деца нѐ прифатија жителите на Корча.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)