дете (имн.) - ѝ (зам.)

Како дете, ме измачуваа кошмари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите деца ѝ беа алкоси, плус мажот ѝ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Децата ѝ исчезнаа, ни едно не ѝ се врати од последната војна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако се споредам со тетка ти, која е „покревка“, „понеспособна“, а на која маж ѝ и децата ѝ ја исполнуваат секоја желба, гледам колку погрешно сум се поставила кон вас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А и едно мало дете ѝ додева.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бордо костумот, кој Александар го потсети на еден популарен фолк пејач кој што редовно ја пополнуваше новогодишната програма од времето кога Алек беше дете ѝ стегна еден шамар на Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Свири, насвири се, викам и детето ѝ го подавам на тетка Славјанка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа, преку судот, и детето ѝ го зедовте.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите осум дете ѝ загуби. А девета ламја избегала. Избегала в црква Аранѓела.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Децата ѝ умреле додека играле видеоигри. Телевизорот експлодирал.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Брат ми ја позеде книгата, од помеѓу нејзините страници испадна пресуваното глуварче кое во паркот едно дете ѝ го подаде на Сара низ решетките на оградата, и кое таа го имаше ставено меѓу страниците од книгата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Глуварчето падна на нејзините гради. Повеќе не се видовме со Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислев на Роза, се сетив на нејзините зборови кои ги кажуваше кога сопругот ѝ почина, а децата ѝ беа малечки: “Сега живеам само за своите деца; да не ми се децата, би издивнала уште веднаш”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сетив и на зборовите кои ги кажа по смртта на синот: “Сега живеам само за Цецилија, да не е Цецилија, не би живеела ни миг повеќе”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Следуваат срдечни поздрави и ови два цртежа: На една риба децата ѝ даваат вештачко дишење; свенати цвеќиња, расплакани, молат за капка вода“. заврши Филип.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во училиштето каде што порано учела некои од децата ѝ се подсмевале, правеле шега со неа и таа тоа низ солзи го преживувала и одболедувала. се правела дека не слуша, но пак насамо леела солзи.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На стрина ми околу осум деца ѝ се родија и сите умреа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Постојано беше настината и секогаш сама седеше во клупата, се срамеше бидејќи децата ѝ се потсмеваа и затоа одеше на училиште само до второ одделение.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На баба ми Ристена децата ѝ умирале. Го родила чичко ми Павле на педесет и две години по свадбата на татко ми и мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги гледаше синовите, среќни што ја минале границата, ја гледаше Мајка, спокојна што безопасно го минавме ова премреже и децата ѝ се живи и здрави што, за неа, беше најбитното.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И како што плачам и си редам така, Уља, јатрва ми, ме шиба со лактот, ме тргна за ракавот и ми вели: - Запри малку, Велико, знаеш дека две деца ѝ предаде на земјата, вели, знаеш дека еднозадруго ги закопа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)