дете (имн.) - в (предл.)

На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Без да тропне на металното ѕвонче на капијата, влезе во дворот наврапито и запраша веднаш каде е Татко, без да нѐ погледне нас децата в очи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кутрата Оливера одвај достискала да не ѝ се роди детето в облаци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го креваат детето в раце, му цукаат со устите и го потплукнуваат в лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Број, триесет и една сме, и не чекај ние да почнуваме. Машко си, прв замавни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Еве, мене по детево в срце. Породи ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ништо, си мислам, нели немало скривање од болеста, ќе си ги вратам децава в село.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои многу што спремаа, живо дете в раце не кренаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ќе одат на некоја претстава, ќе слушаат радио, ќе гледаат телевизија, ќе играат карти, ќе ги стават децата в кревет, и самите ќе заминат да спијат, како и секогаш.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)