дете (имн.) - зад (предл.)

Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Чичко, пушти го. Кучето е мое, моли детето зад него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го натапкав снегот, го наместив детето зад него и почнав да го обликувам, а го заробувам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Несреќата е само дека не попаѓа веднаш на правиот пат, како да го издава старата интуиција, а правиот потез намерно се крие од него, како што се крие шалаво дете зад грбот на други деца на одморот во школскиот двор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)