дете (имн.) - по (предл.)

Децата по цел ден јадат тиква, семки, и не се знае кој повеќе е обркан, крмнакот или тие. Туку нели им е слатка, ако се обркани.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не може да ја држи, не може да ја пушти. И почна да ја гали како мало дете по косата, по образите, по вратот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На збогувањето го одврза ќесето, и како што беше адетот, ги дарува двете деца по три дири, сестричињата од Мирчета по две, така што при самото излегување на Мирчета од дома, на Мирчевица ѝ оставија десет лири. A со десет лири во тоа време се живееше десет месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и сосем земја ги полнеа своите празни стомачиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За добрите денови - за црковни празници, именденови, крштевки и селски панаѓури, за гости и за праќање аскер и во туѓина, од чисто брашно, само пченично, се месеа погачи, кравајче, пред Велигден - леб наутлија и за в црква - прескури и пупчиња - жените им ги раздаваа на децата по завршената богослужба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ДИМО: Е, аирлија да е! (Го гали детето по главата). А чие е?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Јас тогаш бев мал, ама паметам како децата по полињата ја шуткаа неговата попска шапка со денови, сѐ додека некаде не исчезна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Единствено што можеме да тврдиме е дека децата по раѓањето не го доживуваат светот на начинот на кој тоа го прават возрасните во одредена култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веселата смеа на децата по цел ден ѕунеше по улицата. Дојдоа и пролетните птици.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Веќе е забрането да се раѓаат проколнати деца по логорите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Василка им дава на децата по полна рака бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Секои три-четири денови на железничката станица редеа вагони и во нив ги товареа децата по некој список според нивните села и не знам каде ги носеа. Никој не кажуваше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го помилува детето по острите перчиња на русата коса и излезе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Свекрвата, уште на врати, ми рече: „Имаш ли ум снао, црна ти, зар се излегувало од куќи со децата по овој кијамет...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чита така, Неделко Сивески, а децата по него ги отвораат устите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи, тргнав послушно, ко мало дете по брат ми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само со татарските методи на Ленин можеше да се урне Русија, да се сруши нејзиниот тапоглав бирократски апарат, - но! okno.mk 201
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но Евангелието, нежното и вдахновено, единственото точно христијанско учење за сочувството, за љубовта, за тоа дека на светот нема среќа - тоа требаше да им се остави на децата по училиштата и на возрасните по факултетите на култура. А тој ги затвори црквите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)