дете (имн.) - златен (прид.)

Море, море како гореше детето златно, целото запалено, и само да зборува нешто од недоветра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Главниот козар почна често да доаѓа кај нас, па и тоа придонесе видливо да расте угледот на нашето семејство меѓу козарите во Козар маало, и пошироко во градот, макар што имавме само едно кревко, но за нас децата златно козле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)