дете (имн.) - брзо (прил.)

Ние децата брзо привикнавме на животот во овој град, а ниту од далеку не можевме да ги насетиме грижите на Татко во новиот град.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во затворот се увери дека една иста сложувалка во животот се реди на многу различни начини.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со говор што не кажуваше прецизно, со искази што само навестуваа и оставаа празнини како во голема сложувалка што не требаше докрај да се пополнува, а на која ѝ се насетуваше сликата.  Се сети на сложувалките што како дете брзо ги решаваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)