дете (имн.) - веднаш (прил.)

XV Кога татко ми скришум ѝ потшепна на мајка ми дека со „Сталин е готово“, ние децата веднаш помисливме на нашата кутра Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Големите деца веднаш го заобиколуваат.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Знаеше како се чуваат доенчиња, иако самиот никогаш немал деца, се впушташе во неверојатно интересни разговори околу исхраната за определена болест, ги предлагаше тие и тие видови пудра, на ливчиња испишуваше рецепти за приготвување лековити масти, ги регулираше квантитетот и квалитетот на напивките за бебиња, дури знаеше и како да ги држи: расплаканото дете веднаш се смируваше кога ќе го кренеше в раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сумите што ги бараше се движеа од една до педесет марки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А ние децата веднаш ги поврзавме работите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Децата веднаш испоскокаа од креветите. Знаеја дека Кејтен нешто видел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Штом ќе се напиеја, децата веднаш излегуваа надвор на улица.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)