дете (имн.) - дома (прил.)

Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И толку си достоја на збор, што целата година навистина не се врати, За преслекување секоја недела си одеа тукашните деца дома, а на Крсте мораше сестра му да му носи алиштенца и да му ги зема непраните за перење.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние бевме три деца дома, но тој беше највозрасен, токму тоа лето наполни 15 години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
6. Го однесов детето дома и не можам да му се изнагледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)