дете (имн.) - некогаш (прил.)

Црно, како од рофја јагленосано кученце, потскокнува, 'ржи, слушаш како му зрее семето, и како му се приближуваш - сенката на детето некогаш што си играше со него - исчезнува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се сеќава, памети птицата пустошат околу неа сега кога беше живот... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега со години талка сам низ полето и ги собира стакленцата од очилата на детето некогаш што седеше во првата клупа и кое најубаво ја кажуваше песната: кога е војна – секое дете е јаболко расечено на две половини кон земјата зелена кон небото – црвена.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пред да испушти, ме замоли да му направам гроб, да има нишан, да знаат децата некогаш каде да го бараат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И ветар што излегува како од библијата расфрла псалми наспроти ѕвездите меѓу кои сега шета детето Некогаш безгрижно што си лежеше покрај стожерот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)