дете (имн.) - никогаш (прил.)

Во тешките времиња за книгата, кои ние децата никогаш не можевме да ги разбереме зошто се такви, татко ми се движеше брзо и нервозно во својата библиотека, ги разместуваше книgите, ги криеше, продолжуваше неговата алхемија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ни Татко, а уште помалку Камилски, не можеа да го заборават настанот во Татковата библиотека и во нашата куќа во врска со една непрочитана книга на Камилски. Тоа стана грев кон непрочитаната книга којшто и ние децата никогаш не го заборавивме...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние децата никогаш не го заборавивме денот пред Татковото патување во Битола.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ние децата никогаш не успеавме да видиме ни што ни колку татко ни донесол во ќесето, ниту пак што накупил по местата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите ние децата никогаш немавме амбиција да станеме полицајци или пожарникари сите ние сакавме да станеме комитаџии и да се бориме со Турците.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но ние децата никогаш не ја преболевме нејзината самотија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)