диплома (имн.) - и (сврз.)

Воспитувачот, предобриот Трифун Трифуноски, поет, одговорен раководител на Фискултурната и литературната дружина, со две околиски првенства на крострчање (пролетниот и есенскиот крос) - со еден забележлив републички настап, тринаесетти, изваден во весник, награден со диплома и тие нешта што одат со тоа, - на највозвишен, стоотстотен уметнички начин ни соопшти за денот на аудицијата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со помош на овој овде генерал без војска, а со една глупава сестра каква што сум јас, го направивме тој Бане секретар на едно претпријатие, со поткупена диплома и нарачана препорака.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наградите, дипломите и плакетите стоеја на свечено украсената маса пред тројното жири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)