дипломат (имн.) - во (предл.)

Бил гувернер на Либан, османски дипломат во Лондон, во Босна и Херцеговина, во Салеп (Сирија).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Остави спомени не само на голем човек, туку и на вешт и моќен дипломат во пресудните времиња за иднината на Рерублика Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најчесто дипломатите во малата земја во која служат стануваат еден вид мало семејство, без оглед на геостратегиските противречности на различните земји во мисиите на многумина од нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бевме блиски, како што беа тие блиски и со многумина други дипломати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично пиеше виски со млеко што некои дипломати во шега го идентификуваа и со неговиот карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Благодарение на дејствувањето на амбасадорот Старова како дипломат во мојата земја, но и на неговото книжевно перо, тој придонесе, како и многу други, да се запознаам со природните убавини на земјата, со традицијата и постигнувањата, но и со вредностите на нејзините граѓанки и граѓани, во градењето на нивната европска иднина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавам на првите средби со него на вечната тркалезна маса со новите амбасадори во федералното министерство за надворешни работи, каде најчесто настапуваше со геостратегиски надворешно-политички анализи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му зборував за впечатоците од некогашните читања, а тој ми зборуваше за Дневникот на Жид, за пасажите кои се однесуваат на неговиот престој во Ла Марса, токму во домот во кој бевме, како и за книгата Враќање од СССР.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа книга која говори за дезилузионизмот по фазата на адорација на левите европски интелектуалци од советскиот сталинизам (како Сартр, Арагон, Сартр и други) беше поводот разговорот да се префрли на улогата на личноста, на интелектуалците, на големите дипломати во разврската на современите историски процеси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)