директор (имн.) - или (сврз.)

10.  Со третото дополнување на ЗРО (2005), она од септември 2009, се воведе и институтот психичко вознемирување на работно место [„мобинг“], кое се дефинира како: негативно однесување од поединец или група кое често се повторува – најмалку во период од шест месеци – а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или напуштање на работното место.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршител на мобинг може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување – без оглед на нивното својство [на пример, тоа може да биде работодавачот како физичко лице, одговорното лице т.е. претпоставениот шеф, раководител или директор или, пак, друг работник т.е „колега“ на вработениот] (в. чл. 9-а, ст.3-4 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше додаден нов чл. 265-а, кој предвиде нови казниви поведенија за кои се изрекува глоба во висина од 1.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, 500 ЕУР за директорот или одговорното лице и 800 ЕУР за работодавачот – физичко лице (чл. 42 од ЗИДЗРО/ септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Веќе со следната рогација дојде до намалување на паричните казни и сега се пропишаа глоби од 2.000 до 3.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, за директорот или одговорното лице глобата изнесува од 500 на 1.000 ЕУР, а износот од 2.000 ЕУР за работодавачот – физичко лице се намали на 1.000 до 2.000 ЕУР (чл.15 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дополнително беа намалени и глобите во чл. 265-а кои сега изнесуваа од 500 до 1.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, од 300 до 500 ЕУР за директорот или одговорното лице и од 600 до 800 ЕУР за работодавачот – физичко лице (чл. 16 од ЗИДЗРО/јан.12); ● најсериозните измени на овој член дојдоа во поглед на основите за казнување кои се пропишуваат за погоре наведените глоби.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, глобата од 15.000 ЕУР за работодавачот – правно лице се намалува на 7.000 ЕУР (намалување за 54%), додека пак глобата за директорот или друго одговорно лице кај работодавачот се намали од 7.000 ЕУР на 4.000 ЕУР (намалување за 43%).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Фиксно утврдената глоба во висина од 7.000 ЕУР сега изнесува од 6.000 до 7.000 ЕУР – работодавач правно лице, глобата од 4.000 ЕУР по ново е утврдена на износ од 3.000 до 4.000 ЕУР – директор или друго одговорно лице кај работодавачот, додека пак глобата од 5.000 ЕУР за работодавачот – физичко лице се сведе на износ од 4.000 до 5.000 ЕУР (чл. 14 од ЗИДЗРО/јан.12); ● листата со прекршоци за кои следи санкција за работодавачот беше енормно и непропорционално намалена од претходнопропишаните 24 на само 4 казниви поведенија!? (чл.40 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За да се обезбеди непристрасноста на инспекторот при спроведувањето на инспекцијата, со ЗИТ (1997) е пропишано дека инспекторот не смее да врши надзор кај работодавецот каде што тој или член на неговото потесно семејство е сопственик или сосопственик, член на управниот одбор, директор или каде што тој или член на неговото потесно семејство имаат материјален или друг интерес, додека, со цел да се обезбеди извршувањето на обврските од негова страна пропишано е дека тој е одговорен ако пропушти да изврши обврски или да преземе мерки, кои по законот бил должен да ги изврши, односно преземе, во постапката на надзорот (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со носењето на ЗРО (2005) паричната казна за одредени прекршоци за директорот или друго одговорно лице, кои претходно изнесуваа од 10.000 до 50.000 ден., драстично се намалија – и сега изнесуваа од 7.000 до 10.000 ден., при што евидентно е дека поранешната минимална сега стана максимална можна граница на казнувањето (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: •  прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, •  второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: •  прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); •  второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и •  трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)