дистинкција (имн.) - помеѓу (предл.)

Како да доаѓа времето во кое ќе се направи експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (вонинституционално миље) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Градејќи сопствен критички суд за театарот и театарската уметност, тој верува дека дошло времето во кое ќе може да се направи „експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (во институционално милје) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ревитализирањето на Nobel ја истакнува важната дистинкција помеѓу влијание и плагијат, и повторна изведба и оригиналност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така, на пример, дистинкцијата помеѓу збор за збор и смисла за смисла преведувањето, која е поставена уште од времето на Римското владеење, остана да биде главна точка за дискусии помалку или повеќе сѐ до денес, додека релацијата помеѓу преведувањето и појавата на национализмот допринесе да се расветли значајноста на разликувањето на културните концепти.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш е јасно, радикалната дистинкција помеѓу проблемот и решението изгледа како корисна идеја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во тој случај, правењето уште од нешто што не функционира, му припаѓа само на проблемот и не е дел од решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еден заеднички одговор на ова е да се каже дека колку и да се комплексни системите програмирани во машината, тие сѐ уште може да се само симулација на нешто реално. Searle повлекува јасна дистинкција помеѓу „јака” AI - идејата дека програмираниот компјутер навистина има когниција - и „слаба” AI, а тоа е тезата дека тој може да симулира когниција, дури и доследно да ја симулира.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во својата дискусија на алегоријата на Searle, Rychlack корисно воведува дистинкција помеѓу она што тој го нарекува „екстраспективни” и „интроспективни” перспективи: ние можеме на тоа да гледаме или од гледна точка на надворешен набљудувач, гледајќи „на” собата, или од гледна точка на човек во собата, гледајќи „со” личноста која го извршува програмот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Консеквентно, феминизмот бара заедно и епистемолошка и политичка дистинкција помеѓу “жена” и “феминист(ка)”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Станува евидентна, дури и за еден млад ум, во цивилниот живот недоволно нагласената поделба која наоѓа јасен израз во војничката дистинкција помеѓу „офицер“ и „човек“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Глобите предвидени за обврзникот за уплата на придонесите сам за себе, доколку не го достави договорот за дело и/или авторскиот договор или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, што воопшто не е занемарлива сума ако се има во предвид дека на некои од овие работници им се исплаќаат навистина ниски хонорари.128 127 Закон за изменување и дополнување на Законот за присонеси од задолжително социјално осигурување, Сл. весник на РМ, 113/2014. 128 Со измените од 2015 година се прави дистинкција помеѓу лицата кои се вработени и остваруваат дополнителни приходи по основ на авторски договор или договор за дело и невработените лица кои остваруваат приходи по овој основ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со измената од септември 2012 година49 се прави дистинкција помеѓу невработено лице, кое е дефинирано како лице кое активно бара работа и помеѓу „друго лице кое бара работа“ кое е дефинирано како економски активно или неактивно лице кое се евидентира во АВРМ, но не бара активно работа и/или не е подготвено да прифати работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сигурноста во сопственото постоење, изразена во ставот „бидејќи мислам, Јас знам дека постојам или имам дух, односно душа“, ќе го доведе Декарт до остра дистинкција помеѓу духот како мислечка супстанција и телото како протеæна супстанција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ваквата постапка ќе го доведе до заклучокот дека единствено нешто во што не моæе да се сомнева е дека тој самиот е тој што се сомнева, па така мислењето (бидејќи сомневањето е мислење) станува основа на неговата теорија на познанието, изразена во прочуениот став - Цогито ерго сум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Види и Таше Стрезовски (превод): Правила на судот за работни односи за индиректна дискриминација во работните понуди – Искуства од Велика Британија; Правник – бр. 200, дек. 2008, стр. 12. 22 како и посебните права на родителите, посвоителите и штитениците (чл. 11, ЗРО/05); б) во рамките на антидискриминаторските одредби воведена е дистинкција помеѓу термините „вознемирување“ на работно место – тоа е секое несакано однесување предизвикано со некое дискриминаторско дејствие или акт, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а коешто предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување; и „полово вознемирување“ – секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)