дишење (имн.) - и (сврз.)

Гушењето, исто така, е поврзано со тешкото дишење и сексуалното задоволување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Воздивот нејзин ми зборува, ми прикажува... ама мене не ме напушта претчувството дека оваа голема густа мрачина навестува само зло... дека сме заедно, еден спроти друг, чувствуваме по дишењето и макар што мракот е голем и густ, ми се чини дека и во него се гледаме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зад себе слушна тешко дишење и тап звук и тој доби жесток удар по глуждот од кој речиси загуби рамнотежа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го слушаше своето шумно дишење и оживеаната болка во раката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Малиот Бајко небаре стануваше негова ѕвезда вечерница тогаш, и Петре, слушајќи го неговото благо дишење и поткревање на чаршавчето, ги склопуваше очите смирен, најпосле излезен на пронајдениот пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш Арсо го запираше дишењето и, подигнувајќи се на прсти, го следеше истанчениот, сличен на скимтење, глас на Алија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тој останува само со придушено дишење и со потисната свест за нешто што не смее да се случи, за нешто што треба да се постигне, но што сега, некако, отскокнува во недостижна далечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега длетото копа и во теснината се слуша брзото дишење и триењето на телата и рацете.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го сеќавав неговото молчење и неговото споро дишење и стравот да се помрдне за да не го открие она што го држеше напнат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Меѓусебно си го наслушнуваа треперењето, студеното дишење и гуштерското трепкање на клепките.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Го отежнуваше дишењето и создаваше чувство како белите дробови да се со мраз искитена, божиќна елка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)