дланка (имн.) - за (предл.)

Насмевнатиот лик на баба светна низ замагленото стакло - и една дланка за поздрав, и набргу топла прегратка: „Си ми пораснал, мил на баба!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)