дланка (имн.) - со (предл.)

- Пилипчук, што е тоа Озери? - праша наведнатиот без да се сврти. - Село, обично...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дел од левата дланка со четирите прсти била од секира одвоена и свртена со белината и со дел од линијата на животот кон небото; како да просела. Палецот останал осамен на раката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето и не го виделе, сѐ уште свртени кон неподвижниот труп преку кој, им се сторило, лазеле танки линии крв и испокинати жили, додека месото под распарталената облека се отвора сама од себе и трепети од допир со студот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја насоли дланката со сол и само ја посегна кон таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Берачките на хоризонтот стојат во дланките со многу знаци судни а под нив мртва сенката е моја.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Црквата им е срушена, во воздух ја кренаа - се прозевна Пилипчук, затворајќи ја устата со дланката со истетовиран син број на зглобот. - Едно, триесеттина куќи ќе има.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Воздивна со кревање на главата и вкрстување на дланките со шепот кој само таа го слушна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)