дно (имн.) - тој (зам.)

Како да ја нурнал главата во вода: над него и околу него бучливо зашумела реката на возбудата влечејќи го кон еден свет од чие дно тој тогаш со внатрешен вид на изгубен волшебник го следел насилникот како се оддалечува јуначки валмосувајќи ги со два прста мустаќите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Убивајќи го брчењето околу едното уво и бранејќи се од одговорот на предизвикувачкото Сакаш ли, Лозан Перуника ги стиснал со дланки ушите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)