дно (имн.) - и (сврз.)

Во црквата владееше некакво шаренило: едни се молеа, а, други се одмараа на столовите во дното и пишуваа на разгледници, веројатно за да ги поздрават своите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
О, да може да потоне сосе чун на езерското дно и никогаш да не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Виде гола празнина без прегради со едно дно и безвредни хартии на тоа дно и не поверува.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во дното и десно врати: првата води во салонот, а втората во спалната.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Бреговите тоа го гледаа, се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив, па тој не забележа пред него како се покажа и друго место, по него пак друго, сѐ некогашно и сѐ познато и драго, и преплашен скокна од потајниот допир кога го полази тенка водена жила што се провре меѓу прстите на нозете а потоа му ги покри стопалата и низ тенко жуборење водата почна да се качува по него нагоре, да се тимари, да го гали; забележа свиткани како лежат исушените стракчиња билки на дното и како го тркалаат грагорот пред себе еден величенствен облик.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
2. Потоа лесно ни беше да ја допреме длабочината, дното и сѐ што се криеше во слаткиот мирис на водата.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
И она за каменот што секој човек си го носи околу вратот, тој вели е опасен само ако се најдеш во вода, тогаш те спушта на дното и не ти дава да дојдиш до површината за да загоуниш малку воздух, те држи, вели, долу, додека не ти ја разејне устата и да те напоуне су вода.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зошто езерото зјапа во сопственото дно и се запенува како расен коњ во галоп?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)