доба (имн.) - да (сврз.)

Таа пролет, пролетта во која Добрата Душичка и Макс го чуваа од згаснување тивкиот оган на кој се грее душата, за сите нас во Гнездо траеше колку цел еден живот; како сите ние по цели еони ледено доба да почувствувавме дека душите одново нешто ни ги стоплува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледаше и на крајот рече: „Каква нужда те натера, синко, во оваа доба да не спиеш со сон мирен, туку кај мене да дојдеш?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека ги гледавме во паркот, додека ги прислушнувавме нивните разговори и додека си ги прераскажувавме и мислевме што ќе биде со нив потоа, заборававме на своите лудила, и нашите лудила забораваа на нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)