добрина (имн.) - не (чест.)

Горе изброените бугарски добрини не се направија во полза на самите Македонци, а на интересите на Бугарија во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со сила добрина не бидува, беше рекол помирливо игуменот, и нашиот Исус Христос тоа го проповедал, а тој што е зулумќар во зулум и ќе си ја догори свеќата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И така, ќе чуеш дека се мачел долго, ама „се спаси сиромашкиот“... „беше добар“ како неопходен вовед, а за добрината не биле ни свесни, „одненадеж, во сон...“ со додаток „фала Богу, не залежа и не се мачеше!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)