доверител (имн.) - во (предл.)

Ликвидаторите, во рамките на својот делокруг, ги имаат правата и должностите на органот на управување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ликвидаторот е одговорен со сиот свој имот за штетата која ќе им ја причини на доверителите во текот на постапката за ликвидација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ликвидаторите можат, во согласност со содружниците, односно со акционерите и со доверителите, да отуѓуваат одделни објекти од ликвидациониот имот на одделни акционери и на содружници – ако со тоа не се повредуваат правата на другите содружници, на акционерите и на доверителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со овој закон се уредуваат целите и условите за отворање на стечајната постапка, органите на стечајната постапка, управувањето и располагањето со имотот што влегува во стечајната маса, намирувањето на побарувањата на доверителите во стечајната постапка, правните последици од отворањето на стечајната постапка, планот за реорганизација, личното управување, ослободувањето од другите обврски, посебните видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец, стечајни постапки со странски елемент и други прашања во врска со стечајот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Иако како доверители во стечајната постапка се јавуваат и работниците, во оваа анализа нема да бидат анализирани правата кои тие ги уживаат во својство на доверители, туку само правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)