дожд (имн.) - паѓа (гл.)

Понекогаш како дожд паѓам во бунарот. Се преплашува пајажината, мојот дожд паѓа на површината од водата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше недела. Времето врнежливо, толку ситен дожд паѓа, та чиниш како со водена рака да ја фаќаш убавицата Прага.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се кинат птиците, летаат пердуви, ги нападнала орелска и штркелска пипка, врз коритници или врз лелеав шамок плиска крвав дожд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со дождот паѓаат и крвави птици и се распрснува писок од кој и мртвите умираат по вторпат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)