дожд (имн.) - сѐ (прил.)

Капките од дожд сѐ уште беа залепени на лисјата а цветовите блескаа на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А дождот сѐ уште тивко паѓа и ги крие тајните наоколу...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дождот сѐ посилно туриваше, а луѓето, како за инает, не бегаа; колку тој посилно заплускуваше - толку тие сѐ повеќе излегуваа од куќите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дождот сѐ повеќе ја пробива короната на борот и сѐ повеќе го натопува Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)