дожд (имн.) - да (сврз.)

Пуштете ме мене и ќе видите дали нема до првите дождови да биде покриена куќата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Птиците и другите мали животни, кои секогаш беа гласни кога уживаа во бавчите на Адам, се повлекоа во своите гнезда и легла и му дозволија на дождот да го опсади нивниот рај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не дека ги потценувам чувствата спрема нивните покојници на оние мештани што поставиле ребрести лимени покриви над гробот или го заградиле со столпчиња како кај медитеранските тераси, тоа никако - со некој невин израз ми зборуваше таа - но јас сакам да се направи нешто што нема да го навредува просторот, нешто што ќе си легне во пејзажот, што ќе ја олеснува врската меѓу земјата и небото, што ќе претставува јасен нишан, но нема да го спречува дождот да продира во земјата и тревата и планинските цвеќиња да растат угоре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Аплаузот не запира, ми се оѕвива во ушите. Како дожд да плуска, да удира.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Се плашевме дождот да не ви попречи“, рече Тема.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Заедно со облакот започнале да излетуваат камења и како дожд да удираат по покривите на куќите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Питропот Андреа вадеше од огништето запалени гламни, излегуваше на чардакот од куќата и ги фрлаше во водата за да запре дождот; цврчеше жарта, пиштеше пареа; го превртуваше ничкум секој сад што го имаше во куќата за да не зјапи по вода; ја земаше иконата на Св.Илија и ја вадеше на чардакот молејќи го светецот да му нареди на дождот да запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Хернандо стоеше и чекаше дождот да преврне за да може повторно да тргне со дрвеното рало низ нивата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Притоа девојките уште посилно заплакаа, се стутулија уште повеќе и ги заборавија весниците, допуштајќи дождот да им се измеша со солзите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)