долар (имн.) - или (сврз.)

Потоа, да се направи сосем мал проспект (околу три страници, на сите јазици) - во овој проспект би ги наброиле доблестите на дадаистот: со еден збор, инсигнијата за еден долар или приближно толку во другите валути би ја купувале луѓето од сите земји - чинот на купувањето на оваа инсигнија купувачот би го посветил како дадаист.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во 1945 година ОСС потрошил 43 милиони долари, а вкупниот трошок за време на војната изнесувал околу 135 милиони долари или околу 1,1 милијарда долари во денешна противвредност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
ОСС престанал да постои од 20 септември 1945 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еве, сѐ повеќе луѓе се интересирале за неговото сликање, а тој не отвора изложби секој ден; доаѓаат луѓе и од странство, бизнисмени, мецени, имбецили, можеби некој ќе се заинтересира и за него, ќе посака да му наѕре во ателјето што слика, може нешто и да купи, тие се парајлии, што е за нив некоја илјада долари или марки?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)