дом (имн.) - живее (гл.)

Оти човечката душа е единствениот дом на неговото битие и нема таква поплава што тој дом ќе го однесе, или земјотрес што ќе го срамни, и нема таков оган што ќе го изгори, оти во тој дом живеат оние нешта што се направени од тули кои никогаш нема да се сронат пред забот на времето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тие во домот живееја со исти права како и стариците, имаа исти државни кревети со ќебиња, на кои беше напишано “Нозе”, облечени беа, како и стариците, во тоалденор со боја на глушец, но благодарение на младоста и на силата, се хранеа подобро од воспитаничките.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зашто тој, уште кога првиот пат се појави пред селаните, кажа дека е многу среќен што во неговиот дом живее смок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Младите луѓе, најстариот од кои беше 32-годишниот Паша Емиљевич, не го сметаа својот живот во старечкиот дом за нешто ненормално.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)