домаќинство (имн.) - им (зам.)

Си помислија дека таму, во затворот му се случило нешто на Ѓорета, штом Атанас толку силно го плачеше, или дека му се случило нешто, лошо, на некого од Ѓоревите тука, во Поктовицата, или, пак, дека нешто лошо му се случило лично нему, на Атанаса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога се заплати Атанас, во време ужина, главите на домаќинствата им рекоа на своите во полето Доста за денеска и сите, од сите страни, се сјатија во населбата во Потковицата, во дворот на Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Непосредно пред жетвата, ден, два, пред првиот срп, главите на домаќинствата им заповедаа на мажите што во домаќинствата по ранг стоеја веднаш до нив, тоа беа обично помладите браќа, или најстарите синови, да ожнеат неколку снопови ’рж за правење јажици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)