допир (имн.) - со (предл.)

Сега, во собата останав сам, вознемирен од мислата за допирот со коските на мојот предок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога му ја даваа, пред испуштање, личната карта, во една од канцелариите што сепак создаваше илузија на оној нормален допир со власта, досега единствено познат за него, Пискулиев се пожала: „Господин началник, мене ме тепаа за ништо!“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му пеам на трнарчето и си помислувам на мојот кафез на Edgar Quinet на Montparnasse: Не помислувам на туку на песна на моите другари, помислувам - таа можеби да ме оздраве... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На Вера Кузмановска И одново на птиците помислувам, на полската чучулига, помислувам, која уште при прв допир со болен човек распознава исцелимо од неисцелимо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Благодарејќи му на татко ми кој аматерски се бавеше со сликарство, многу рано дојдов во допир со професионални сликарски материјали.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од допирот со меката козина доживуваше нешто непознато и необично пријатно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја иритира сензитивната кожа и „гори“ кога случајно ќе дојде во допир со носниците.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ништо не ќе го вознемири толку споменот како допирот со добата во која не се влегува повторно Плачот нема сенка. Патеката нема сенка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа првична слика, според мене, тој прв допир со видливото е насцендентна состојба која бесконечно еманира импулсна емотивна материја во просторот на творечката свест.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Есени, сам крај огниште Распретуваш нешто во пепелта, си мислиш, Гледаш како се буди огнот, како разгорува, Како се исполнува мракот околу тебе со илјадници искри, Како се искачуваат тие потоа по полиците, Меѓу дуњите, меѓу јаболките, И како згаснуваат уште при првиот допир Со синџирот што виси над огништето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еден допир со животинката ќе те усмрти не само во овој, туку и во сите други, идни твои животи“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А за тоа, за печење леб, зашто ништо што е погано не смее да дојде направо во допир со лебот, а погано е сѐ што не е природно, за завалување на фурните и вршниците, употрабуваа слама, измешана со суварки, или со дрвени трње.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа ова едноставно ги води будистите до идејата за медитација која се користи за да ги оддалечи од јазикот, доведувајќи ги во допир со реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа значи тие исто така мислат дека постои некаква реалност таму некаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бараа допир со земјата. Нивната мајка која ги држи на своите невидливи раце, во нејзината орбита, не дозволувајќи има да ја напуштат воздушната граница на земјата за да не одлетаат од неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
55. Мисирков го има предвид и фактот дека, и покрај тогашната силна романска националистичка пропаганда во Македонија, таа не може да претставува реална опасност за Македонците, бидејќи Романија нема никаков граничен допир со Македонија што да ѝ овозможи евентуално проширување на нејзиното владеење и во овој дел од Балканот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките кај понекултурните народи од допир со покултурни народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оттаму, длабоката привлечност кон телото, кои неговите состојби и промени, кон остварувањето на допир со другото тело, кај мене извира само од љубопитноста на истражувачот за немирните игри на виртуозот Ерос.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Единствениот допир со светот му беше на Висар прозорецот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Молскавичен отсјај, на златни искршени прачки пред залезот... се бркаат со разиграните бранови од немирните води... слични сме: во моите зеници искрат светулки, во пазувите на езерото пламени јазици нежен допир со сласт даруваат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа го почувствува уште при првиот допир со него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој се измеша со другите и допирот со нив му беше пријатен.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Над главите од луѓето сонцето грееше преоблечено и чисто и ништо не можеше да го извалка во допирот со земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од лицата им се губела зимската мувла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Човекот беше испотен, а од Дрина доаѓаше студен ветар; пријатен и чуден беше допирот со топлиот изделкан камен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Григориј Иванович гласно воздивна, си ја забриша брадата со ракавот, и почна да раскажува: – Братче, јас не ги сакам женските со шапки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неколку умни косови изделкале јајце од мермер. Долетал до јајцето Гавруш – ќе појадува.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
При секој допир со предметите ја чувствуваш смртоносната усвитеност.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Просторија со низок плафон, преполна со луѓе, со ѕидови потемнети од допирот со безбројни тела; исчукани метални маси и столови, поставени блиску еден до друг, така што луѓето се допираа со лактовите; искривени лажици, накршени подавалници, груби бели чанчиња; сите површини измастени, нечистотија во секоја пукнатина; и еден киселкав, измешан мирис на лош џин, на манџа со метален вкус и на нечисти алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон не можеше да се сети дека некогаш видел ходник чии ѕидови не се измаслени од допирот со човечки тела.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Да... - рече Дејко, - само ако нејзината крв дојде во допир со крвта на човекот... преку некоја рана, преку боцнување со јадицата на која има крв од јагулата, или ако нејзината крв влезе во човекот преку шуплив, расипан заб...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се разболе и лекарите му забранија да пие, а жена му и син му ги советуваа да не му даваат можност да доаѓа во допир со пијалок, зашто му се заканува опасност да умре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зарем богохулно е што се покорив на совршенството? Зарем тоа не е најинтимен допир со Севишниот?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Допирот со сопствената кожа постепено го смири.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Задоволство во кое најверојатно ја докажувам моќта за деструкција, зошто сѐ што сакав се распаѓаше во допир со стварноста и неминовно почнав да верувам во подносливоста на репресијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој бил еден од оние што, пред да стапи во допир со светот на Македонците, недвосмислено ја прифатил грчката тавтологија за грчкиот карактер на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини неговиот извештај претставувал "салто-мортале" и давал сосема поинаква слика за населението што живеело во областа Лерин, а особено се разликувал од дотогашните извештаи кои биле доставувани до Форин офис од лицата што биле во придружба на официјални грчки лица и "супервизори" на она што се разговарало и какви информации ќе се добиеле од месните жители.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека неговиот „шок“ бил голем кога дошол во непосреден допир со Македонците што живееле на територијата на која требало да ја извршува доверената задача.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Не беше тоа ни свеста, дека во допир со знаењата на Марин Крусиш тој се покажа вистински незналец, па треба да се срами.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)