дрога (имн.) - кој (зам.)

Дали бројните прилози околу легализацијата на тешки дроги што годинава се најдоа по многуте светски и домашни часописи, значат вовед во радикални промени во третирањето на човековите права и слободи, или нешто сосем друго?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Појавата на новите дроги кои немаат решен легален статус создаде вистински хаос во општествениот третман на проблемот со дрогите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Описите од нивните доживувања под дејство на дрога можат да бидат многу корисни за психологијата на креативноста, а на некој начин и за нив самите, како и за другите творци, но нивното творештво, по овие искуства, сосема сигурно не може да се смета за она што денес жаргонски се нарекува “dope” литература, којашто ја создаваат редовните уживатели на дрога кои се и уметнички надарени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, по­себно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вкупниот пораст на потрошувачката на јаките дроги нѐ загрижува поради тоа што од историјата на алкохолизмот знаеме дека поголемата потрошувачка предизвикува и потешки општествени и здравствени последици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Поради тоа не е тешко да се предвидат сличните последици што би ги предизвикала зголемената потрошувачка на разните видови јаки дроги како што се крек и метамфетамин или послабите ПЦП, а да не зборуваме за неизбежната појава на нови дроги кои во случај на легализација би можеле да ги развиваат приватните фармацевтски фирми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)