другар (имн.) - кој (зам.)

Значи, малиот другар кој божем мене ми се додели автоматски, зошто бившиот спортист, нели, беше со Лима, не беше многу убав, но беше некако мил и водевме интересен дијалог.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како другар кој ја памети несреќата, со мене повторно заплака и големиот Плоштад Македонија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ама од тогаш Војнета му останал еден другар кој сега, во партизанското, нему му се најде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ема им кажа дека бендот го имаат составено другари кои одат во ист клас во градската гимназија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Билјана го претстави Александар пред својот сопруг како добар школски другар кој е дојден на балот со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Другарите кои загинаа го исполнија својот долг. Ние треба да го исполниме нашиот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нема нервози, нема караници, нема кој да ми влегува без дозвола во собата, сѐ ќе ми биде на свое место, нема кој да ги зафркава моите другарки кои понекогаш мака мачат со шегите на брат ми, а понекоја од нив дури се срами да доаѓа кај мене дома зашто е тој „од големите”, а ние сме „од малите”...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не беа како обични наставници што те водат на летување, туку како другари, повозрасни другари кои знаат што сакаат децата и знаат како тоа да им го овозможат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имав многу причини да бидам задоволна поради неговото заминување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понатаму, од нејасното излагање на Кожинката произлегуваше дека тој бил изненаден од ставовите на некои неупатени другари кои ги застапувале тие поинакви сознанија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, во мислите му реплицирав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и си замислив дека му го поставувам неизбежното прашање: „Дали навистина вие досега ниту еднаш не се посомневавте во своите наоди и тврдења?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А мене ме изненади токму таа констатација: дека одговорни личности не ги споделувале неговите гледишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Орлите го напаѓаа не само окрвавениот другар кој, врзан за самарот, не можеше да се брани, ама и болничарката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Но, тој не плачеше само поради жената што ја уби, туку и поради идните жртви што очекуваше да ги предизвикаат неговите другари кои сè уште ја немаа изгубено навиката да му се радуваат на снегот на стариот добар начин.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се сеќавам на двете другарки кои еднаш заедно накиснаа на пороен дожд.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На крајот, најправедно се чинеше објаснувањето на неговите блиски од Русија дека не чуле и не виделе ништо!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па како и зошто тогаш да го товарат со веста дека жена му станала некоја другарка која можеби втасала до претседател на некоја организација, или секретар на некој, како што ги викате вие, Комитети.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)