другар (имн.) - ја (зам.)

Другарите ја кажуваат лозинката и патот ни се пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На крајот овие две другарки ја поканија на ведра забава, а не на исповед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Другарите ја познаваат реката. Ми велат - ја освојувале педа по педа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Другарите ја исполнија својата обврска и нивните тела се трпеза за црвите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)