другар (имн.) - во (предл.)

Неуловливиот комита е меѓу своите другари во изградбата на првата фабрика која за народната борба ќе произведува оружје и муниција.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да знаете: кој се бори за слобода, не умира дома на постела, тој ќе умре во борбата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Расправаше дека работел четири години во Франција и затоа во селото го викале „Франче“, а така го викаа и неговите другари во купето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, сѐ се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рече само за крв, та каква крв — човечка или биволска, коњска — ништо понатаму не објасни и остана затворен спрема сите негови другари во кулушот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Разбра сѐ што стана во дните по нападот, но не го сожали Мисирлијата, попот, даскалот и другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ризо му ја соопшти оваа вест на Петка и Ристета, Толевите другари во земјанката и како топ пукна глас по Маданот за неговото блиско присуство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дванаесетгодишно момче од предградието, шета по дискот со Мона Лиза во својот Мекинтош, ги бои очите во зелено, преку модем ја испраќа до својот другар во Париз, кој додава пурпурен кармин и ја печати на ласерски копир апарат; потоа ја факсира до Joseph Kusuth за следната изложба на Галеријата Via Eight во Токио.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ќе појдеме со некои другари во Маврово.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега жалеше што со себе не понесе и некоја книга, некој учебник, со нив полесно ќе му поминуваше времето, книгата можеше да му биде другар во долгите часови на осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со ноздри раширени 'ржеше коњот во пена - другар во триумфот жнеан; тој гордо ги газеше телата бедни што стенат ... Тажни стоновите беа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа беше книгата што ми стана неразделен другар во долгите зимски вечери.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Како и да е, со Земанек живеевме онака како што можат само да живеат двајца младичи на седумнаесет години, оти тоа никогаш веќе во животот не се повторува; има човек и натаму одлични другари во животот, но заедно со првата љубов, оди и првиот другар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа го бараат твоите другари во Синдикатот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Меѓутоа, како трезвен реалист, тој веднаш побарал од своите другари во Бугарија по секоја цена да пронајдат друг динамит и да го испратат во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа неговите другари во Солун ги презеле сите мерки, евентуално ако биде фатен, тие на солунската железничка станица сосила да го ослободат од рацете на полицијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Свесен дека му се приближува крајот и дека никогаш веќе нема да ги види своите Велес, Солун и Вардар, докрај прибран, тој нашол сили да се поздрави со сите свои другари во затворската соба и потоа да издивне.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Приватно, ги користам и во пародично-носталгични мигови: 1 чинија пржени кикиритки + 5 шишиња пиво + 4 гимназиски другари во зрели години.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
баму ја, седиме така во темницата и се плачеме, сакаме да го подзапреме времето, да се оддалечиме од смртта што нѐ чека, јас веќе си ја гледам мршата како ја раскопуваат дождови, како скапувам и се смалувам, се гледам пред себе си, така, како своја слика да држам в раце, само Силе Плевнеш грчи во ќошот, бичи некои глуждови трупци, ама времето кој го запрел досега, го запирале царови, кралови, тепачи, арамии, врачари и јаки луѓе и никој не останал со него и како што седам така, оп - се обзорува, некоја бесшумна светлинка ни влегува на прсти во собата и со светлината влегуваат и војници, оф мори мајко, ајде вика старшијата, Силе Плевнеш уште грчи и старшијата го клоцнува в слабина и овој рипнува, си ги брише слинките околу устата, сакате поп да ве исповеда, јас не сакам, вели Силе Плевнеш, и без поп господ ќе дознае за нас, знае тој дека на правина нѐ земате на душа и после нѐ поредуваат во дворот пред затворот, а Стеван Докуз пак приплакува, ги покрива очите, што ќе му правиш: тој ти е другар во несреќата, „пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш“ велеше Лазор Ночески, а војниците чекаат со пушки пред нас и ете го дојде тој, офицерот, се тетерави 121
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рака на срце во војната имавме другарки во панталони, но тогаш такво беше времето. - Ги прераскажуваше зборовите на командирот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оној што во тоа беше најагилен, што најмногу се истакнуваше можеше да стане командир на одделение, одговорен на секција, дежурен во кујната, надгледувач, можеше да биде меѓу првите при јадењето (што не беше малку важно), - со еден збор таквите другари во сѐ предначеа, беа наградувани, привилегирани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми го одредија за другар во стројот. Проклет да бидам, другар од стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- рекоа луѓето. XXV Кога телеграмата стигна во интернатот со која му јавуваа на Богуле дека татко му е умрен, тој се наоѓаше во болница; неколку дена пред тоа го сонуваше оној ист сон: како вулканот пак избувнал, како го затрупува селото кое е празно и во кое само татко му е останат; скокаше од креветот и викаше по татка си да бега; викањето негово пак ги будеше неговите другари во спалната, го фаќаа и не му даваа да излегува надвор; му плиснуваа вода в лице и го разбудуваа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но моите другари во рововите мислат дека бегам, дека дезертирам и пукаат по мене...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Иван и Ивана имаа другари и другарки во Охрид, Темјана во Дојран, Гоце во Прилеп, Нада во Велес, Санде во Штип - сите присутни се јавуваа за по некој град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со несудениот, полека си оделе и кога дошле до крстосница каде што таа требала да сврти десно за дома, а тој лево, му рекла: Со кој ум сте тргнале по мене, зар не ви е познато дека јас не одам никаде без мојот другар во џебот и го извадила пиштолот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не подалеку.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ми бранат да одам со другарки во паркот, но ме предупредиле, тоа секогаш да биде претпладне, ако е можно да не одиме сами девојчиња, туку да бидеме во друштво со некој од другарите и, се разбира, да не влегуваме во третиот дел од паркот, каде што нема жив човек, туку да се движиме околу тениските игралишта и Луна паркот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си мислев, јас се убивам од работа цела ноќ и рацете ми набабруваат од водата и детергентот, за скапани седумстотини денари, а тој со другарите во рок од еден час испи дупло од таа сума.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)