дупка (имн.) - со (предл.)

Ќе ја затнам дупката со парче вреќа пред да заминеме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев многу депресивен, би можело да се рече очаен, ушто повеќе, се чувствував како да сум заглибен во дупка со катран.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го подготвував пилот изданието на Л. А. Викли и на уредникот му ги покажав моите стрипови. Не беше воодушевен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Глигор како мачка се искачи по јажето, за миг само ја затна дупката со своето јадро тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Светов го покрива снег. Соблечи се гола и во снегот направи дупка со топлината од твоето тело.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа некој рече дека видел фрлени војници во дупка со вар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после ќе ја сврти платицата, ќе ѝ изврти нова дупка со сврделот, ќе ја презапне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)