дух (имн.) - во (предл.)

Всушност, проблемот „однос ’дух-тело’“ сугерира дека постои нешто како дух во смисла на нематеријална супстанција, која на некој начин е поврзана со телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Слични мисли, само различни вербални стилови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да беше збор за спортска приредба, опстанокот и преживувањето на народот ќе се темелеа врз здравиот дух во здраво тело, врз фискултурата која ни ги крепи телесните и духовни способности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чини дека една од причините е поврзаноста на овој проблем со филозофската определба на поимот ‘супстанција’.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Декартовиот обид да го разреши интерактивниот однос на духот и телото добива форма на паралелизам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Крајната консеквенца на Картезијанството е метафората за духот како „внатрешен театар“ во кој се „одигруваат“ менталните настани, односно „дух во машина“, при што „машина“ е телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, козјото прашање уште еднаш ги разбрани духовите во републиките и федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наша задача е на германскиот дух во нас да му дозволиме да стане толку моќен што ваквите нешта веќе никогаш да не можат да се насоберат...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Тој е вон сите норми, единствениот комплетно филозофски дух во Франција”, зборуваше за Делез исто така несреќно починатиот „гуру”, Мишел Фуко.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој, за нашиве апатични и депресивни прилики, неверојатно креативен, продуктивен и енергичен дух во ова интервју ви зборува, драги (“)маргиналци(“), како за бескрајно умножените светови од онаа страна на кукулинскава кал, така и за калта сама, за нашето заедничко пребивање на оваа тажна и влажна почва.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Првиот ред, точно ако е сочинет, самиот ќе се сети што треба зад себе да роди, како што зрното само од себе, со Светиот Дух во него се буди точно во времето на кроењето на лозјата, напролет, и никогаш не доцни, иако сонце не гледа, оти под земја е.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа дефиниција на феминистичкиот субјект како еден повеќекратен, комплексен процес е исто така еден обид да се избегне релативизмот и повторно да се промисли единството на субјектот, без упатување на хуманистичките верувања, без дуалистички спротиставености, поврзувајќи ги, наместо тоа, телото и духот во еден нов тек на себството.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Орли грабливци го разнесоа телото, духот во небеска шир... далеку како со векови од мене ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Распределбата на разни видови духови во нашето племе од почетокот била каприциозна и непостојана.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле братучед ми Мурад рече: „Слези. Сакам да јавам сам.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каков е тој зо дух во тебе, Леме, кој те изулавил толку многу, кој е тој проклет ѓавол? - праша со тага, несреќен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Веќе нема сеопфатна приказна - како што некогаш беше онаа просветителската за рационализација на светот, или идеалистичката за кон себе вратениот дух во историјата, или марксистичката за еманципација на човештвото - која би била кадарна да ги сосредоточи сите тежненија и да ги насочи кон едно единствено - својата цел, всушност.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За мене, драг пријателе, е поважен вградениот вечен дух во оваа книга како да се спаси иднината на нашите деца на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во таа мека розовост една друга розовост со нечуен чекор се оддалечуваше од мене и јас за последен пат ја здогледав љубовта на мојот дух или на некој дух во тој дух и го запаметив нишањето ан нејзините колкови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кој сѐ се реди во погребалниот спровод на телесно умрениот дух во таа негова куќа?...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Едни започнаа да стравуваат за судбината на Езерото, да не влезе некаков зол дух во водите, раководен од некој непознат и далечен центар кој немаше ништо заедничко со животот покрај реката и Езерото, и да ги натера јагулите да бегаат заедно со пастрмките и со сиот живот во него, па и пошироко покрај него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Желна за дом Шетаат духови во куќата јазикот е претворен во крцкање шушкање, лелекање, логореа недостига визија, провидение, битие животот е патување кон неартикулираното дури и бездната има форма и хаосот има твојот Дом нема затоа што Овде - да се нема значи да се изгуби тоа што се имало значи, некогаш си имала а сега е време за мечта мечта со волшебна моќ а не обична надеж.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Централен став”: тука треба да се види врвна игра на интелигенцијата, разонода на надмоќен дух во потрага по единството на светот, по некаков Glasperlenspiel, според Herman Hesse, во кој големите мајстори на една необична уметност жонглираат со сите елементи на човечката култура како со многубројни разнобојни куглички, за без престан да се забавуваат со сложувањето на нивните бои во виножито. 18 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јаков со змии во косата, свет дух во очите, Јаков што пие роса и јаде див мед, ја маѓепса Кристина која можеше да заведе било кој конзул, зборува француски и грчки како мајчин, Кристина која везе ѓерѓев и јаде од сребро, а татко ѝ тргува со камили по Африка и Азија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)