душа (имн.) - чека (гл.)

И чекам да се стемни, со душа чекам да се стемни, да си одат сватовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Со душа чекав да дојде директорката (таа имаше некој чемер) да ме земе и да ме врати во интернатот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Јас тука со бог и душа чекам, а вас во Франција ќе ве носат, - завидливо рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И едно утро, кога сѐ беше готово, Гоце им ја бакна раката на расплаканата мајка и на татка си, се прости со своите пет сестри и трите помали братчиња и киниса за Софија...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со душа чекаше кога ќе дојде времето да тргне од Кукуш и да се запише на военото училиште.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)