едно (имн.) - да (сврз.)

Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Иронијата го памти искуството човекот заборава…  Кој владее со светот ја знае моќта на јазикот да мислиш едно да кажуваш сосема друго…  Опстанокот е уметност на толкување на фигурите на јазикот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)